ЕК резервира 500 милиони евра за „Евродрон“ и одбранбени проекти на ЕУ

73

ЕУ објави дека ќе финансира до 500 милиони евра во проекти поврзани со одбраната, како што е создавањето на „Евродрон“.

Европската комисија соопшти дека 100 милиони евра се наменети за развој на дрон кој ќе помогне во независноста на Унијата од американската технологија.

Брисел се обидува да ги оптимизира европските трошоци за нова воена опрема и се обидува да ја направи поекономична и со помалку отпад.

– Со инвестициите на ЕУ што ги објавуваме денеска, се движиме од идеја кон конкретни проекти, а со тоа ги зајакнуваме нашите одбранбени индустрии, изјави комесарот за индустрија Елжбиета Биенковска.

Комисијата наскоро ќе предложи проекти во пет приоритетни области. Дел од нив ќе бидат безбедни комуникациски, разузнавање и технологии за заштита на вештачка интелигенција.

– Соработката во одбраната е единствениот начин да ги заштитиме Европејците во овој нестабилен свет, изјави заменик-претседателот на Европската Комисија Јурки Катаинен.

Комисијата предложи буџетот за обрана од 2021 до 2027 година да изнесува 13 милијарди евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...