Кикириките се многу калорична намирница, но истовремено и квалитетна и здрава. Затоа, јадете кикирики често, но во умерени количини (околу 30-50 грама излупени кикирики).
Кикириките се исклучително богати со многу есенцијални нутриенти, протеини, квалитетни масти, минерали и витамини.
Во 100 грама кикирики има околу 570 калории. Во тие 100 грама има околу 26 грама протеини, што е во однос на останатите јаткасти плодови поголема количина од останатите. Како и цело јаткасто овошје, кикириките се на цена поради своите маснотии, на 100 грама има околу 49 грама. Пола од вкупните масти се монозаситени (24 – 25 грама), a полинезаситени масти има околу 15 грама. И двете групи на масти се многу важни за организмот и за здравјето, а монозаситените се најквалитетните кои се наоѓаат во храната. Кикириките не содржат холестерол. Јагленохидрати има околу 16 грама. Па се совршена варијанта за вечерни грицки.
Повеќе за ова на порталот „Арт Кујна“.
Фото: Pixabey