Евровизиската песна на Италија со над 50 милиони прегледи на Јутјуб (ВИДЕО)

1673
ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI

Песната на Италија за Евровизија има над 50 милиони прегледи на Јутјуб.

„0 отсто алкохол, 0 отсто голотија, 0 отсто автомобили, 0 отсто дрога, 100 отсто музика“, „Мојот победник на Евровизија“, „Не сум од Италија, но можам да ја испејам песнава. За мене тој е вистинскиот победник“, „Една од најдобрите песни на Евровизија, ти посакувам среќа“, се само дел од коментарите под видеото.

Песната „Soldi“ (Пари) е напишана од изведувачот Махмуд заедно со Дарио „Дардуст“ Фаини и Чарли Чарлс. Таа е отпеана на италијански јазик, со еден стих на арапски, што според Википедија, ова е трета песна која била на Евровизија а која го вклучува овој јазик.

Претходно, арапски имало во евровизиските песни на Мароко од 1980 и на Израел во 2009 година.

„Soldi“ се најде на врвот на италијанските музички листи.

ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...