Еврозоната ќе и префрли на Грција 6,7 милијарди евра за програмата за финансиска помош на државата.
Европскиот механизам за стабилност соопшти дека е одобрена првата исплата од 5,7 милијарди евра. Таа сума ќе биде исплатена до утре.
Останатиот дел од една милијарда ќе и биде исплатен на Грција до 1 мај.