Јапонските астрономи планираат детонација на Рјугу

73
ФОТО: МИА

Јапонската вселенска агенција Јакса соопшти дека сондата „Хајабуса-2″, што минатиот месец слета на астероидот Рјугу, ќе пристапи кон уште една ризична мисија – експлозија со цел дупка во вселенското тело.

Хајабуса-2 стапна на него на 22 февруари и успеа да собере доволно примероци од неговата површина. Наредната цел е да се земат примероци од под површината на астероидот. Така, научниците ќе се обидат да ги одгатнат процесите поврзани со настанувањето на Сончевиот Систем.

Според Јакса, експлозијата ќе се случи на 5 април. Астероидот Рјугу, крстен по подводен замок од јапонските преданија, се наоѓа на растојание од 300 милиони километри од Земјата.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...