Премногу гласната музика го оштетува слухот повеќе од дупчалка

Најчесто тинејџерите се постојано со слушалки во ушите кои освен што им го оштетуваат слухот, додека слушаат музика на слушалки и возат велосипед, скејтборд, ролери или одат пеш, си го доведуваат во опасност и животот. Дали и вашите деца го прават ова?

167

Премногу гласното слушање музика преку слушалки го оштетува слухот повеќе од пнеуматска дупчалка, која произведува звук од 110 децибели, покажале британските истражувања.
Исто така, еден од шест испитаници слушаат со јачина која е погласна од онаа што се создава при полетување на авион, утврдиле истражувачите.

Од друга страна, и кога звукот на слушалките е наместен така за да стои на средина, и натаму се создава оштетување, затоа што јачината на овој звук ѝ одговара на бучавата која би ја произвело врескањето на стотина деца во исто време.

На прашањето дали се свесни за оштетувањата кои ги создава нивното омилено хоби, повеќето испитаници не знаеле да одговорат, туку само се насмевнувале.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: averie woodard on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...