Со спојување на Дојче банк и нејзиниот ривал Комерцбанк, на долгорочен план би можело да резултира со укинување на дури 30.000 работни места, изјави претставникот на германскиот синдикат Верди и член на Надзорниот одбор на Дојче банк, Јан Душек.
Најголем дел од 30.000 загрозени позиции се наоѓаат во Германија, истакна Душек. Гледајќи на краток рок, околу 10.000 работни места се во опасност.
– Според наше мислење, потенцијалното спојување нема да резултира со деловен модел кој е одржлив на подолг рок – порача Душек.
Жестокото противење на синдикатот на најавеното спојување на двете најголеми германски банки следело откако двете банки во неделата ги потврдија преговорите за спојување. Акциите на Дојче банк се зголемија вчера за 3,4 отсто, а на Комерцбанк за четири проценти.
Надзорните одбори на двете банки ќе се состанат в четврток, кога веројатно ќе дискутираат за спојувањето. Двете банки моментно заедно имаат 140.000 вработени ширум светот. Дојче банк има 91.700, а Комерцбанк 49.000 вработени.