Патувачки фестивал на краток филм „Еуропанорама“

44

Кинотеката на Македонија од денеска до 21 март ќе биде домаќин на првиот фестивал „Еуропанорама – денови на европски филм“, кој ќе прикаже десетина кратки филмови.

„Еуропанорама“ ќе прикаже нови кратки филмови од Европа, со фокус и на нордиската кинематографија, од различни стилови и пристапи (анимирани, експериментални, фикциски и документарни) од млади филмски режисери.

Фестивалот вечер ќе почне во 19 часот со хрватскиот краток филм „Кокошката“ на режисерката Уна Гуњак. Влезот за сите проекции на тридневната „Еуропанорама“ е слободен.

На 22 и 23 март филмовите ќе се прикажуваат и во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар. „Еуропанорама“ е патувачки фестивал и досега ги посети Осло, Бејрут, Љубљана, Белград, Загреб, Грац, Рига, Копенхаген, Будимпешта. По гостувањето во Скопје и Гостивар, ќе продолжи во Минск, Подгорица, Трст…

Фестивалот се организира во соработка со Љубљанскиот интернационален фестивал на краток филм и „Transit Film Bazaar“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...