Раководителката на Македонскиот центар на ИТИ (Интернационален театарски институт) Иванка Апостолова Баскар од денеска до 22 март ќе учествува на Меѓународниот фестивал „Сараевска зима 2019“, каде што ќе ја промовира книгата „Сирота мала богата драма“ – електронска збирка на 11 кратки драми од современи македонски автори.
Таа е иницијатор и уредник на книгата која досега е дистрибуирана и дигитално
промовирана во 14 електронски библиотеки во Европа и светот.
Фестивалот „Сараевска зима“ е основан во 1984 година и се одржува под покровителство на Град Сараево, Кантон Сараево, Генерален директорат на УНЕСКО.