15 доживотни казни затвор во Турција за „обид за уривање на Владата“

107

Суд во Истанбул денеска им изрече казна доживотен затвор на 15 лица обвинети за „обид за уривање на Владата“, поради обвинувањата за корупција на блиски соработници на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во 2013 година.

Осудените, меѓу кои се и четворица полициски началници, беа обвинети дека објавиле фалсификувани снимки за наводна корупција на членови на Владата. со која тогаш раководеше Ердоган, што доведе до оставки на тројца министри.

Оваа афера беше еден од најголемите предизвици за Ердоган, кој тврдеше дека сите обвинувања се „измислици“ зад кои стои исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен со цел да го урне од власта.

Анкара го обвинува Ѓулен, кој живее во доброволен азил во САД, дека стои и зад обидот за преврат во Турција во 2016 година. Ѓулен, од своја страна, ги отфрла ваквите обвинувања.

Осудените во денешниот случај беа обвинети и за „членство во вооружена терористичка група“ и за „незаконско прислушување“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...