Хрватските трговци законски обврзани да не фрлаат храна

Една од целите на законот е да се намали фрлањето на храна која се уште е употреблива.

102

На десет дена до стапувањето на сила на новиот закон за трговија во Хрватска, продавачите се во паника и не знаат како во пракса ќе се применува законот, особено забраната за фрлање на расипливата роба како што е млекото, лебот и месните производи.

Една од целите на законот е да се намали фрлањето на храна која се уште е употреблива. Со законот е забранета досегашната пракса, храната која е пред истек на рокот да им се враќа на произведувачите.

– Што треба да правиме сега со, на пример, непродадениот леб? Да го фрлиме? Да го даваме на некоја трета страна? Доколку остане ова законско решение, ефектот ќе биде таков што продавниците ќе порачуваат помалку од лесно расипливите производи- изјави Милој Рончевиќ, од малопродажната компанија Техно Рон од Загреб.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...