Извршниот директор на компанијата Фејсбук, Марк Закерберг го одби барањето на Комитетот на британскиот Парламент да одговара на прашања во врска со злоупотреба на податоци.
Демијан Колинс, претседателот на Комитетот, тело кое го истражува влијанието на социјалните медиуми врз изборите, го повика Закерберг да одговори на „катастрофалниот неуспех на процесот“.
– Закерберг замоли еден од своите заменици лично да ги достави доказите. Шефот на технолошката служба Марк Шефер и шефот на производство Крис Кокс ќе бидат добра замена за да одговараат на прашања, соопшти Ребека Стимсон, шефица за јавни политики на британското претставништво на Фејсбук.
Демијан Колинс изјави дека би му било драго замениците на Закерберг да одговорат на прашања, но оти тој би сакал лично од првиот човек на Фејсбук да слушне повеќе за тоа.