Тамара Тодевска на Твитер сподели со фановите дека Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев ќе ја придружуваат на сцената во Тел Авив.
Поединци на социјалните мрежи прашаа дали нејзината сестра, Тијана Дапчевиќ, ќе биде дел од евровизискиот настап, како што беше дел од спотот за песната „Proud“.
Оваа година прв пат ќе настапуваме под името Северна Македонија.
Тодевска ќе настапи во втората полуфинална вечер на 16 мај.
ФОТО: Твитер