Терористот од Нов Зеланд го прошетал речиси цел Балкан: Бил и во Грција

1479

Брентон Харисон Тарант кој го изврши терористичкиот напад во две џамии во Нов Зеланд бил и во Грција.

Тој престојувал на островите Крит и Санторини, а дополнително уште два пати поминал низ Грција како транзит зона.

Како што соопшти грчката полиција, во март 2016 тој влегол во Грција од Истанбул и останал неколку дена на споменатите острови.

Низ грчка територија тој транзитирал истата година, на 29 ноември и на 10 декември.

Познато е и дека тој на Балканот бил и во повеќето други земји: Србија, Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина. На видеата кој беа објавени од нападот, можеше да се слушне дека терористот слушал и грчка музика.

Во нападот кој го изврши Тарант во двете џамии загинаа 50 луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...