По премиерата на документарецот „Leaving Neverland“ во кој Мајкл Џексон е обвинет за педофилија, Луис Витон реши да ја повлече колекцијата есен-зима 2019 која е инспирирана токму од кралот на поп музиката, пренесе „Гардијан“.
Мондната ревија на која беше претставена колекцијата се одржа недела дена пред прикажувањето на филмот на фестивалот „Санденс“, а луксузните парчиња гардероба требаше да се пуштат во продажба на лето.
Помеѓу парчињата облека кои се повлекуваат се т.н. египетски костим со набори, сличен на оној кој Мајкл Џексон го носи во спотот за песната „Remember the Time“, гардероба инспирирана од песната „We are the World“, црвена јакна слична на таа од спотот „Beat It“, маици со фигури од мјузиклот „The Wiz“ и други.
Виргил Алборг од „Луис Витон“ до „Гардијан“ испратил и службена изјава.
„Свесен сум дека во светот на документарните филмови, нашата ревија предизвика емоционални реакции. Децидно осудувам каков било облик на злоупотреба на децата, насилство или повреда на човековите права. Мојата идеја за ревијата беше да се осврнеме на Мајкл Џексон како на уметник од поп културата и единствено на неговиот јавен живот и инспирацијата која тој ја даваше на генерации уметници и дизајнери“, пишува во изјавата.
Извршниот директор на „Луис Витон“ Мајкл Бурк, пак, порачал дека сите обвинувања во документарецот ги сметаат за вознемирувачки и оти безбедноста на децата им од голема важност.