Вучиќ со службено возило излезе од Претседателството, демонстрантите тргнаа кон полициска станица

1648
ФОТО: EPA / KOCA SULEJMANOVIC

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја напушти зградата на Претседателството денеска по 16 часот, јави Танјуг.

„Претседателот ја напушти зградата со службено возило“, јави агенцијата.

Нема потврда за таа информација од независни српски медиуми.

Во исто време пред зградата на Претседателството во тек е протест.

Голем број од демонстрантите се упатија пред полициска станица во Белград каде бараат ослободување на приведени поради синоќешниот упад во зградата на РТС.

Лидери на Сојузот за Србија соопштија дека тие прифаќаат одговорност. Дел од белградски медиуми јавија дека министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ се наоѓа во дворот на полициската станица каде се и демонстрантите.

Лидерот на Сојузот за Србија, Драган Ѓилас напиша на Твитер дека се упатил кон полициската станица 29 Ноември за да го уапсат заедно со Обрадовиќ, Лутовац и Зеленовиќ.

– Сите ние кои синоќа бевме во РТС преземаме одговорност што баравме од РТС да почне со вистина да информира – наведе Ѓилас.

ФОТО: EPA / KOCA SULEJMANOVIC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...