Катастрофални поплави во Индонезија однесоа 50 животи

44
Photo: EPA / BASARNAS / HANDOUT

Најмалку 50 лица го загубија животот, а 59 се повредени во поплавите кои ја погодија индонезиската провинција Папуа, соопштија денеска локалните власти.

Силен ветар и поројни дождови ја зафатија вчера областа околу главниот град на провинцијата, Џајапура, предизвикувајќи големи поплави.

Најтешко погоден од поплавите е градот Сентани, каде спасувачките екипи трагаат по преживеани, но се стравува дека бројот на жртвите би можел да се зголеми.

Photo: EPA / BASARNAS / HANDOUT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...