Стејт департментот укинува 5-годишни туристички визи за Кубанците

48

Стејт департментот објави дека ги укинува петгодишните туристички визи за Кубанците.

Според американски медиуми, тоа е голем удар за сите претприемачи и Кубанци кои со помош на визите имаа можност да влезат во САД и да ги посетат своите роднини, како и да ги купат неопходни залихи за своето работење на Куба.

Укинувањето на тие визи ќе ги принуди Кубанците да патуваат во САД преку друга земја, најчесто Мексико или Панама.
Кубанците досега имаа можност, по одобрувањето на визата, да не бараат друга во следните пет години, меѓутоа, од 18 март, визата ќе важи само за еден влез и тримесечен престој во САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...