Телото на актерот Лук Пери, познат по улогата на Долан во серијата ,,Беверли Хилс 90210”, денеска е кремирано, а пепелта била расфрлана по неговата фарма во Тенеси, каде често престојувал последните 20 години.
Според американските медиуми, последното испраќање на актерот ќе биде организирано за две недели и на него ќе присуствуваат најблиските роднини и пријатели. Лук Пери почина на 4 март, откако претрпе мозочен удар.
Неговите фанови од целиот свет, семејството и пријателите се надеваа дека ќе го преживее ударот, но само по два дена актерот беше исклучен од апаратите. Неговата ненадејна смрт на 52 години ги шокира сите.