„Аерофлот“ се заканува со откажување на нарачката на 20 авиони „Боинг 737 Макс“

678

Руската авиокомпанија „Аерофлот“ ќе ја откаже до ноември нарачката на 20 авиони „Боинг 737 Макс“, освен ако компанијата Боинг може да и гарантира безбедност на леталата, по несреќата во Етиопија, изјави денеска генералниот директор на „Аерофлот“, Виталиј Савељиев.

„Аерофлот“ нарачал 20 авиони „Боинг 737 Макс“ за својата нискобуџетна подружница „Победа“, а Боинг треба да почне со достава на авионите веќе во ноември оваа година.

– Ако не постои 100 процентна гаранција дека машината е безбедна, тогаш никој нема да ја земе – истакна Савељев.

Претходно денеска, авион Боинг 737-800 морал итно да слета во северозападниот дел на Русија, во градот Сиктивкар. Според непотврдени информации, причина за слетувањето е откажување на моторот на леталото.

Фото: EPA/TOMS KALNINS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...