Грчките бизнисмени бараат да се спречи двојното оданочување со земјава

407

Потпишување договор за избегнување на двојното оданочување со Северна Македонија, бараат од Федерацијата на индустрии на Грција во писмото испратено до грчкиот министер за финансии, Евклидис Цакалотос, објавија грчките медиуми.

Од Федерацијата сметаат дека договорот „ќе биде силен поттик за зајакнување на економската соработка на двете земји, со тоа ќе им се даде можност на грчките бизниси што се активни во земјата да ја подобрат нивната позиција, а тоа ќе погогне во зголемувањето на грчкото присуство во регионот”, јави дописничката на МИА од Атина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...