Средбата, на која главна тема треба да биде трговскиот договор меѓу двете земји, е поместена од крајот на март за друг подоцнежен датум, што дополнително ќе биде објавен.
– Претстои уште многу работа, но оваа ситуација за нас е поволна, изјави Мнучин.
Тој нагласи дека за постигнување договор треба дополнително време, но дека двете страни се трудат тоа да се случи колку што е можно побрзо.
Трговската војна помеѓу Кина и САД започна минатото кога Трамп воведе царини за поголем број кинески стоки, со цел заштита на американското производство, на што Кина одговори со реципрочни мерки. Според процените, како резултат на трговската војна економиите на двете земји претрпеа загуби од по околу 34 милијарди долари.
На самитот на Г-20 во Буенос Аирес лани во декември, САД и Кина склучија тримесечно „трговски примирје“, кое истекува кон крајот на март.