Франција и Британија со засилени мерки за безбедност околу верските објекти

49

Француските власти денеска ги засилија безбедносните мерки околу верските објекти по нападите на две џамии на Нов Зеланд, во кои загинаа 49 лица, а ранети се 20 лица, изјави министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастанер.

– Патролите ќе бидат околу верските објекти – напиша Кастанер на Твитер.

Во Франција живеат голем број муслимани и земјата беше цел на терористички напади на исламистичките екстремисти во 2015 и 2016 година.

По нападот на Нов Зеланд засилена е безбедноста и околу верските објекти во Велика Британија.

Командантот на британската антитерористичка единица Ник Басу изјави дека е зголемено присуството на патроли во близина на џамиите во Велика Британија и дека на сите верски заедници им се дадени препораки за тоа како да се заштитат себеси и нивните верски објекти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...