Љубов моја единствена: Тијана му го честита роденденот на сопругот со досега невидени фотографии ФОТО

Колку го сака својот сопруг, Тијана покажа со романтичната роденденска честитка објавена на Инстаграм.

1973

Популарната пејачка Тијана и нејзиниот сопруг Милан Дапчевиќ се запознаа во Сомбор на еден кошаркарски натпревар и оттогаш се неразделни веќе две децении. Четири дена по почетокот на нивната љубовна врска почнаа да живеат заедно, а во април 2001 година го изговорија и судбоносното „да“.

Колку го сака својот сопруг, Тијана покажа со романтичната роденденска честитка објавена на Инстаграм.

„Љубов моја единствена, нека ти е среќен овој прекрасен ден! Да си среќен, здрав, насмеан и спокоен уште двапати по толку. Те сакам“, напиша Тијана во описот на нивните заеднички фотографии настанати на почетокот на нивната врска, кои јавноста досега немаше можност да ги види.

Инаку, Тијана и Милан во бракот го имаат синот синот Вук, а неодамна таа откри дека во 2019 или 2020 година посакува повторно да стане мајка.

 

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...