ОАЕ соопштија за нов воздушен инцидент со Катар

322

Обединети Арапски Емирати соопштија дека два катарски воени авиони вчера опасно се приближиле до два нивни патнички авиона.

Тоа е уште еден инцидент помеѓу ОАЕ и Катар, кои ги имаат прекинато дипломатските односи.

Дирекцијата за цивилна авијација на ОАЕ го осуди инцидентот што се случи во воздушниот простор над Бахреин, оценувајќи го како „груба и тешка закана за безбедноста на цивилната авијација“.

Во јануари и февруари Катар ги обвини ОАЕ дека нивни воени авиони го нарушиле катарскиот воздушен простор, а потоа Доха обвини дека два патнички авиона биле пресретнати од катарски воени авиони над Бахреин.

ОАЕ, Саудиска Арабија, Бахреин и Египет ги прекинаа дипломатските односи со Катар на 5 јуни 2017 година, обвинувајќи го за поддршка на терористички групи и за зближување со нивниот регионален противник Иран. Четирите земји ги прекинаа воздушните, морските и копнените врски со Катар, кој од своја страна ги обвини дека се обидуваат да ја контролираат неговата внатрешна политика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...