Владата денеска треба да го даде своето мислење за Предлог-законот за енергетика. Законот го подготви Министерството за економија и треба да овозможи усогласување на домашната регулатива со европските правила.
На седницата, како што информира, прес службата на Владата ќе биде разгледана и Информацијата за предлог договор за доделување државна помош на Друштвото за производство и трговија „Костал Македонија“, ДООЕЛ Охрид, на предлог на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, како и информацијата за барање за добивање согласност за основање на туристичка развојна зона локалитет „Езеро Треска“, доставена од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
На оваа седница ќе биде разгледана и информација за изградбата на магистрален гасовод Делница 5 Скопје – Тетово – Гостивар.
Владата треба да ја разгледа и информацијата за формирање на Национално координативно тело за следење на состојбите со недискриминација и реализацијата на законите, подзаконските акти и стратешки документи во оваа област, како и информацијата за текот и прогресот на активностите за реализација на проектот „Евтини летови за македонските граѓани“.