Камерно трио од Албанија на фестивалот Денови на македонска музика

123

На фестивалот Денови на македонска музика вечер во Музеј на Град Скопје од 20 часот концерт ќе одржи Камерно трио од Албанија.

На програмата се дела од македонски и од албански автори: Гоце Коларовски, Томе Манчев, Борис Светиев, Арбана Фејзо, Шпетим Кушта, Дориан Цене и Ендри Сина.

Камерното трио го сочинуваат пијанистката Мерита Реџа Тершана, флејтистката Јонела Големи и виолистот Арбен Љози.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...