САД доделија речиси 400 милиони долари дополнителна хуманитарна помош за Сирија

106

САД денеска на донаторската конференција за помош на Сирија и регионот, која по третпат се одржува во Брисел, ветија дополнителни 397 милиони долари хуманитарна помош како дел од планот на ОН за помош на бегалците за оваа и наредната година, соопшти Стејт департментот.

Со ова, вкупната хуманитарна помош на САД за Сирија и деловите од регионот зафатен од конфликтот од почетокот на кризата изнесува 9,5 милијарди долари, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

– Оваа помош ја отсликува силната решеност на САД да обезбедат животно важна поддршка за народот на Сирија загрозен од конфликтот. САД изразуваат задоволство до сите страни кои пружаа и се уште даваат помош – нагласи Стејт департментот.

Помошта се распоредува преку Вискиот комесаријат за бегалци и Детскиот фонд на ОН (УНХЦР и УНИЦЕФ), преку Меѓународната организација за имиграција (ИОМ), и преку други невладини организации и агенции.

Со најново ветенета помош само за Сирија, САД имаат дадено вкупно 4,5 милијарди долари, за Либан 2,1 милијарди долари и за Јордан, 1,3 милијарди долари. За делот на Турција зафатен од конфликтот, САД досега имаат дадено 814 милиони долари хуманитарна помош, за Ирак 376 милиони долари и за Египет 182 милиони долари, а за остантиот дел од регионот речиси 26 милиони долари.

Хуманитарната помош преку овие агенции им е доделена на речиси 12 милиони луѓе во Сирија и на речиси 5,7 милиони бегалци во регионот, а се состои од храна, засолниште, обезбедување на санитарни услови за живот и чиста вода, медицинска нега, образование и друга помош.

Дел од помошта е наменета за семејствата и заедниците во регионот кои понудиле престој и сместување на бегалците.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...