Трамп се закани со вето

149
ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Доналд Трамп одговори на Твитер со еден збор „вето“ на вечерашната усвоена Резолуција на Сенатот за укинување на одлуката за воведување вонредна состојба во земјата поради ситуацијата на границата со Мексико.

Резолуцијата беше усвоена со 59 гласови „за“ и 41 „против’. Покрај сите сенатори демократи, за Резолуцијата гласаа и 12 републикански членови на Сенатот.

Сепак, демократите не успеаја да обезбедат двотретинско мнозинство во Сенатот, со што се овозможи Трамп да стави вето на Резолуцијата.

Резолуцијата претходно беше усвоена и од Претставничкиот дом на Конгресот, по што Трамп најави дека ќе стави вето на документот.

Тоа ќе биде прво вето на Трамп на некоја одлука на Конгресот, откако стапи на должноста во јануари 2017 година.

Трамп прогласи вонредна состојба со цел да може без одобрение на Конгресот да издвои неколку милијарди долари од буџетските средства за изградба на ѕид на американско-мексиканската граница за спречување на илегалната миграција, што беше едно од неговите главни ветувања во текот на изборната кампања во 2016 година.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...