Полска: Од 90-те години 382 свештеника злоставувале малолетници

37

Претставници на полската католичка црква денеска открија дека од 90-те години до денес 382 свештеника злоставувале малолетници.

– Меѓу нив, 198 свештеници злоставувале малолетници помлади од 15 години, а 184 свештеници злоставувале малолетници на возраст меѓу 15 и 18 години – изјави Војчиех Садлон, раководител на црковниот Институт за статистика.

Според Садлон, злосторствата се случиле од 90-те години до средината на минатата година.

Надбискупот Вајчиех Полак изрази „болка, срам и чувство на вина бидејќи се случиле такви ситуации“.

Бројките се објавени по придневното заседавање на полскиот епископат во Варшава, на кое е разговарано за злоставување и начините за заштита на децата. гт/

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...