Лавров: Русија е против странско мешање во Венецуела 

37
ФОТО: EPA-EFE / SERGEI ILNITSKY

Русија е против какво и да било странско мешање во Венецуела и се залага за мирно решавање на кризата во земјата без влијание на надворешни воени сили, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средба со неговиот венецуелски колега Хорхе Ареаца во Виена.

– За време на разговорот за состојбата во Венецуела, руската страна ја истакна важноста од изнаоѓање мирно политичко решение за внатрешните несогласување во земјата, без деструктивно надворешно влијание, особено без употреба на странски сили, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија посветено на средбата Лавров-Ареаца.

Во соопштението се додава дека двајцата шефови на дипломатии ја нагласиле својата посветеност на „зајакнување на соработката во ОН и другите меѓународни организации и ја истакнале потребата за почитување на меѓународното право во односите меѓу државите“.

Фото: EPA/EFE/SERGEI ILNITSKY

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...