Болка во овој дел од телото најчесто открива прогресивна болест

Ревматоидниот артритис е системска, хронична, автоимуна болест со непознат причинител, која доминантно ги зафаќа зглобовите.

762

Колкот е најголем зглоб во човечкото тело, но кога ќе се појават болки многу луѓе не бараат лекарска болест. Но, болката во овој дел од телото е еден од најчестите симптоми на прогресивната болест артритис која за последица има цела низа промени на зглобовите кои предизвикуваат нивна трајна деформација.

Болката со текот на времето станува сѐ поинтензивна, а воочливи се и проблеми со движењето.

Ревматоидниот артритис е системска, хронична, автоимуна болест со непознат причинител, која доминантно ги зафаќа зглобовите, а од неа боледуваат 1-1,5 отсто од населението. Болеста може да се појави во кој било животен период, а најчесто помеѓу 20. и 40-годишна возраст, и е три пати почеста кај жените.

При директно триење на една коска на зглобот со друг зглоб може да започне окостување, односно на него може да се појават коскени израстоци. Во тој случај движењата се ограничени, зглобовите се понекогаш болни и отечени и пукаат при свиткување. Иако постои општо мислење дека артритисот е старечка болест, лекарите тврдат поинаку.

Болестите и нарушувањата како што се остеонекроза, тендонитис, бурзитис, може да предизвикаат болки во колковите. На нив се склони и лица кои уживаат во адреналински и ризични спортови, а дека навистина станува збор за оваа болест, може лесно да се утврди со ренгенска снимка на зглобот.
Затоа, не одложувајте ја посетата на лекар, ако почувствувате болка во колковите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...