Обединетите нации на конференција за Сирија ќе побараат 8,8 милијарди долари дополнителна помош за земјата.
Во Сирија, каде што во тек е граѓанска војна веќе осум години, а стотици илјади луѓе се убиени, итно е потребна помош за 11,7 милиони луѓе, вклучувајќи и голем број деца.
ОН ќе побараат 3,3 милијарди американски долари за жртвите на граѓанската војна и 5,5 милијарди американски долари за бегалците во регионот. Повеќе од 5,6 милиони Сиријци избегаа од војната во Јордан, Либан, Ирак и Египет.
– Ние не сакаме луѓето во Сирија да бидат заборавени во време кога се чини дека меѓународната заедница е помалку загрижена – рече високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Федерика Могерини.
Високиот комесар на ОН за бегалци, Филипио Гранди, кој неодамна ја посети Сирија, рече дека околу 70 отсто од сириските бегалци живеат на раб на егзистенција.
ФОТО: EPA / STR