Да, јас сум мајка на ова прекрасно „разгалено“ момче, кое честопати се однесува на јавно место „непристојно“: се фрла на подот, вреска, фрла работи околу себе, ја удира мајка му, ѝ ја гризе косата, ја каса.
Секојпат овие несакани „сцени“ добиваат публика, која ни посветува големо внимание, сите очи се насочени кон нас. Зад овие обвинувачки погледи, многу често ги слушам коментарите толку тивко упатени што ги слушам како гласно ми шепотат на уво: „Погледнете само како тоа дете ѝ е невоспитано“, „Погледни го тоа дерле“, „Бог да те сочува од вакво дете“, и така натаму. Во такви ситуации, јас останувам мирна, понекогаш го игнорирам неговото однесување, па не го задоволувам мнозинството од публиката, не сум хистерична, не паничам, во очите на собраната толпа станувам „безгрижна и нечувствителна мајка“.
Ме болат згрозените погледи од неупатената околина која го смета мојот прекрасен син за невозможен и за разгален, а тој е сѐ, само не тоа. Мојот син има аутизам.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pixabey