Властите во Венецуела тврдат дека повторно е воспоставено снабдување со струја во државата

48
ФОТО: EPA / RAYNER PENA

Снабдувањето со струја е „100-проценти” воспоставено низ Венецуела, објави владата, додека снабдувањето со вода за пиење е 80 отсто обновено.

– Само градовите Барута и Хатило, во близина на главниот град Каракас, се уште се соочуваат со прекини во снабдуавњето со електрична енергија поради пожар во трафостаницата – изјави министерот за информации, Хорхе Родригез.

Прекинот со електричната енергија парализираше голем дел од земјата од четвртокот, со намалена испорака на вода, храна и гориво, како и извештаи за грабежи и луѓе кои умираат во болниците. Опозицијата ја обвини владата, додека претседателот Николас Мадуро ги обвини САД и опозицијата за кибер-напади врз енергетската мрежа во земјата.

– Тие се обидоа да ја уништат татковината со брутално злосторство – рече Родригез.

– Со прекин во снабдувањето со електрична енергија, тие сакаа да предизвикаат геноцид.

Јавниот обвинител Тарек Вилијам Сааб претходно објави дека лидерот на опозицијата и самопрогласениот привремен претседател Хуан Гуаидо ќе биде испитан за вмешаност во предизвикување на прекинот на снабдувањето со струја.Засега школите и факултетите се уште нема да работат.

ФОТО: EPA / RAYNER PENA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...