Дејан Панделески, Иванчо Велјановски, Александра Радевска Илија Тозија, Игор Камбовски и Миле Зечевиќ се новите членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола. Камбовски и Зечевиќ се избрани како независни членови на Надзорниот одбор.
Одлуката за избор на новиот Надзорен одбор на банката е донесена вчера на Собрание на акционери и е објавена на Македонска берза.
Зечевиќ инаку е советник на премиерот Зоран Заев за адвокатски услуги, а за член на Надзорниот одбор во банката го предложи „Пелистерка“ .
Челновите на Надзорниот одбор имаат мандат од 4 години. За својата работа ќе бидат наградени месечно со 50 илјади денари. Претседателот на Надзорниот одбор месечно ќе добива по 60 илјади денари.