Регулаторна ќе разгледува лиценца за трговија со нафтени деривати

143

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната подготвителна седница ќе разгледа две предлог одлуки за издавање и за менување на лиценца за вршење на енергетска дејност трговија на големо со сурова нафта и нафтени деривати.

На седницата ќе биде разгледана  Предлог одлуката  за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт – трговија на големо со Течен нафтен гас (ТНГ),  на Друштвото за трговија и услуги ЕКОНИК МАРКЕТ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, како и Предлог одлуката за менување на лиценца за вршење на енергетска дејност трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт – трговија на големо со Еуросупер БС 95, Еуродизел БС, Екстра лесно (ЕЛ-1) и Мазут (М-1), на Друштвото за производство, промет и услуги СУПЕРТРЕЈД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...