Германскиот Сојузен институт за истражување несреќи во воздухопловството (БФУ) нема да врши анализа на црната кутија на патничкиот авион на компанијата „Етиопиан ерлајнс“, бидејќи нема услови за тоа, изјави денеска портпаролот на БФУ, Гермут Фрајтаг.
– Ова е нов тип на авион со нова црна кутија, со нов софтвер. Ние немаме можност тоа да го направиме – истакна Фрајтаг.
Претходно од авиокомпанијата „Етиопиан ерлајнс“ е соопштено дека црните кутии од авионот Боинг 737 Макс 8, кој минатата недела се урна во Етиопија, ќе бидат испратени за анализа во Германија