Трамп категорично ги отфрла тврдењата на порно актерката

329

 

Претседателот на САД Доналд Трамп ги отфрла „јасно и гласно” тврдењата за негова поврзаност со порно актерката Сторми Даниелс, соопшти вечерва портпаролот на Белата куќа Раџ Шах.

– Велам дека претседателот ги отфрла цврсто, јасно и недвосмислено таквите тврдења – рече портпаролот.

Запрашан за обвинувањата за кршење на Законот за финансирање на политичките кампањи, за да биде купено молчењето на актерката, портпаролот на Белата куќа изјави: „Белата куќа нема за што да се критикува”.

Истовремено телевизија Си-Би-Ес, изјави дека нејзината емисија „60 минути”, со интервју на Сторми Даниелс привлекла рекордна гледаност. Интервјуто во кое порно актерката зборува за наводна сексуална средба со Трамп пред 12 години и за последиците од неа, го гледале 22 милиони гледачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...