Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган денеска го нарече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху крадец и тиранин, реагирајќи на неговите критики.
Несогласувањата помеѓу двајцата лидери почнаа кога портпаролот на Ердоган го обвини Нетанјаху дека е расист поради неговата изјава дека Израел е земја само на еврејскиот народ.
Нетанјаху на тоа возврати дека Ердоган е диктатор.
Потоа Ердоган го нарече Нетанјаху крадец кој го предводи Израел.
– Ти си тиранин. Ти си тиранин кој коле седумгодишни палестински деца – истакна Ердоган за Нетанјаху.
ФОТО: EPA / ERDEM SAHIN