Борис Џонсон: Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 29 март по договор во „пет до 12“

113

Велика Британија ќе ја напушти Европската Унија, како и што е предвидено, на 29 март, откако Лондон и Брисел ќе постигнат договор во „пет до 12“, изјави денеска поранешниот шеф на британската дипломатија и еден од најтврдокорните поддржувачи на Брегзит, Борис Џонсон.

Осврнувајќи се на денешното гласање во британскиот Парламент за усвојување на одлука за Брегзит без договор, Џонсон изјави дека таа опција ќе остане во игра дури и да не добие поддршка од пратениците.

– Можно е Парламентот симболично да гласа дека не сака договор, по што Обединетото Кралство, врз основа на Закон, ќе ја напушти ЕУ на 29 март – изјави Џонсон за радиото Ел-Би-Си.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...