Колку дена по ред треба да мерите притисок за да се дијагностицира хипертензија?

Кај лицата за кои постои сомневање дека имаат висок крвен притисок (хипертензија), обично се потребни неколку дополнителни проверки на висината на крвниот притисок.

833

Колку дена по ред треба да мерите притисок за да се дијагностицира хипертензија?
Вообичаената посета на лекарската ординација обично резултира со мерење на крвниот притисок.

Кај лицата за кои постои сомневање дека имаат висок крвен притисок (хипертензија), обично се потребни неколку дополнителни проверки на висината на крвниот притисок за да се утврди дали станува збор за оваа здравствена состојба.

Но, се наметнува прашањето: „Колку дена во континуитет е потребно да се контролира вредноста на крвниот притисок за да се дијагностицира хипертензијата“.

Според резултатите на најновата студија, доволни се само три дена за поставување дијагноза на хипертензија, доколку крвниот притисок се мери еднаш наутро и еднаш навечер.

Според новите насоки на Американската асоцијација за кардиологија, за сите лица кои имаат крвен притисок 130/80 ммХг се смета дека имаат хипертензија. Според претходните насоки, граничните вредности без поголеми – 140/90 ммХг.

Сепак, некои стручњаци предупредуваат дека овие резултати треба да се земат со внимание, бидејќи крвниот притисок варира во зависност од тоа кога и како се мери.

Исто така, се заборава дека на пациентите им треба период на одмор пред мерење на крвниот притисок, како и соодветна големина на манжетната на апаратот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...