Словенија нема да протера денеска ниту еден руски дипломат

За ова прашање владата во оставка ќе расправа в четврток. 

645

Словенија не се одлучила да протера некој од дипломатите на Русија поради случајот во Салзбери, потврди денеска словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец.

Голем број членки на ЕУ денеска одлучија да протераат одреден број руски дипломати поради наводната вмешаност на руските власти во нападот со нервен отров во Велика Британија, но, меѓу нив, како што соопштуваат словенечките медиуми не се: Словенија, Словачка и Австрија.

Министерот Ерјавец, кој е дел од владата на Миро Церар која од неодамна е во оставка и извршува само тековни работи, изјави дека Словенија не донела одлука за евентуално протерување руски дипломати оти е потребно најпрвин да се утврди што всушност се случило во инцидентот во Салзбери.

– Уште е прерано за одговор како Словенија ќе постапи за тој случај. Ние се придржуваме кон ставот на неодамнешниот состанок на Европскиот совет дека е потребно да се утврди што всушност се случило – вели Ерјавец.

За ова прашање владата во оставка ќе расправа в четврток.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...