Владата ја разгледа Информацијата за влијанието на Брегзит на македонската економија и донесе заклучоци со кои го задолжи Министерството за економија, во соработка со Министерството за финансии и Царинската управа, до Владата да достават предлог на одлука за воведување на автономни мерки, со условна примена од 30.3.2019 година, информира Владата.
– Владата ги задолжи Министерството за надворешни работи и Министерството за економија до Владата на Република Северна Македонија да достават информација за третманот на македонските стоки при извоз во Обединетото Кралство во случај на „тврд Брегзит“ и за изнаоѓање на решенија за увоз без царини на производи со македонско потекло, стои во соопштението.