Често имате горчлив или кисел вкус во устата? Можеби е во прашање oваа опасна болест

Ако горчливиот или кисел вкус во устата трае подолго време, тогаш можеби страдате од сериозно заболување и, секако, треба да посетите лекар.

1714

Горчливиот или кисел вкус во устата е нормална работа единствено ако јадете таков вид храна. Во спротивно, може да има многу поопасно значење, односно можеби станува збор за најлошиот вид на рак. Ако горчливиот или кисел вкус во устата трае подолго време, тогаш можеби страдате од сериозно заболување и, секако, треба да посетите лекар.

Самото сетило за вкус е интензивирано поради многу различни фактори, како што се хигиената на устата, исхраната, сувата уста или бременоста.

Лекувањето на овие непријатни вкусови главно се сведува на народните лекови, но многу е важно да се исклучи основиот причинител, односно факторот за појавата на оваа состојба. Ваквиот вкус во устата се нарекува дисгеузија и може различно да се манифестира. Луѓето кои страдаат од ова нарушување може во устата да имаат константно чувство на горчливост, вкус на метал, сол… Тоа може да го отежне чувството на другите работи, но и да доведе до многу посериозни проблеми, како и до рак на мозокот.

Еве кои компликации може да настанат ако не го лекувате навреме горчливиот или кисел вкус во устата.

Рефлукс на желудникот
Гастроезофагеалниот рефлукс или киселинскиот рефлукс не е директна последица на киселиот вкус во устата. Може да се каже дека овие две состојби во телото се меѓусебно причинско – последично поврзани.Имено, кога киселината поради рефлуксот се враќа во хранопроводникот и во устата, тогаш киселиот вкус се задржува. А, кога киселината се создава веќе во устата, ние ја голтаме и потоа се таложи во желудникот, со што се создава рефлукс.

Габична инфекција на устата
Горчливата и кисела средина е поволна за развој на габични заболувања. Кога еднаш ваквите болести ќе се развијат, тогаш е многу напорно да се лекуваат и излекуваат, бидејќи болеста често се враќа.Треба да се напомене дека габичните инфекции ги задржуваат подолго овие непријатни вкусови во устата.

Синдром на „вкус на бор“
Овој синдром настанува со вдишувањето на мирисот на дрвото бор или неговите шишарки и се манифестира како комбинација на метален, горчлив и кисел вкус. Не би требало да остави трајни последици, но може да предизвика интензивирана киселина во желудникот, која понатаму доведува до гастритис, чир и сепса.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...