Голем број жени доаѓаат кај гинеколозите со проблемот дека во текот и по сексуалните односи чувствуваат болка и печење кои можат да траат во текот на целиот нареден ден, и покрај тоа што наодите од урината и уринокултурата не покажуваат воспаление на мочниот меур.
„За што станува збор во овој случај?“, „Таквата состојба постојано се враќа и психички влијае на мене“, „Како можам да се ослободам од тоа трајно?“, се дел од прашањата на пациентките.
Сексуално активните жени имаат почести уринарни инфекции отколку жените кои не се полово активни. Ова се должи и на фактот дека отворот на уринарната цевка е околу 1,5 см под клиторисот, а најчест причинител за уроинфекцијата се т.н. коли бактерии (цревни бактерии), а ешерихија коли е една од нив која во мочниот меур успева да стаса од вашата вагина. Бактериите стасуваат до отворот на уринираната цевка (уретрата) преку машкиот полов орган (не е важно дали се користи перзерватив или не) којшто го стимулира клиторисот.
Тука станува збор за чист механички пренос. Со движењата при сексуалниот однос бактериите едноставно се вметнуваат во мочната цевка (уретрата). Имајќи предвид дека таа кај жените е многу кратка (пократка од 3 см), на тој начин на бактериите им е полесно да продрат во бешиката (мочниот меур) и да се размножат во урината која за нив е одлично хранилиште.
Ако сексот бил погруб, поенергичен, во тој случај сето ова е уште поверојатн. Нема начини да направите нешто или „да се ослободите од тоа трајно“, велат гинеколозите. Исто така, не мора ниту да станува збор за вистинска уроинфекција (ако наодите повремено се уредни, а жената чувствува болка и пецкање), едноставно може да станува збор само за уретритис што значи иритација на ткивото на мочната цевка како последица на интензивното надразнување односно на „позитивното триење“ при сексуалната активност. Гинеколозите потврдуваат дека се е поинтензивно ако сексот бил погруб и ако подолго трае (во стручната литература тоа се нарекува „honeymoon cystitis“). Но, не треба да се очајува или да се крева паника – ниту сте единствени, ниту е тоа што ви се случува ретко.
МН Постојат неколку практични совети кои често можат да помогнат.
Во текот на сексуалниот однос обидете се малку да експериментирате со разни положби – кај некои пречките ќе бидат поголеми, а кај некои помали, па на вас е да одберете што ви е најпријатно.
Понатаму, по завршувањето на сексуалниот однос задолжително извршете мала нужда, односно уринирајте, така што на тој начин бактериите кои се внесени во уретрата и мочниот меур ќе ги исфрлите надвор.
Во случај на почести уроинфекции се препишува медикаменозна профилакса, а тоа е, по сексуалниот однос, еднократно да се испие една доза од т.н. уроантисептик (значи не антибиотик). Станува збор за лесно достапни и евтини препарати. Тоа може да се користи со години со голем успех. Не постои гаранција дека покрај сетоа ова уроинфекциите сигурно нема да се случуваат, но ќе ги има мошне помалку и ќе бидат помалку непријатни.
Воспалението на мочниот меур најчесто е предизвикано од бактеријата ешерихија коли и од други ентеробактерии. Бактериите кои се пренесуваат по сексуален пат, како што се кламидијата и микоплазмата, можат да предизвикаат воспаление на мочната цевка и воспаление на репродуктивните органи.