Македонскиот поп-пејач Влатко Лозаноски, вчера го издаде синглот насловен „Мајко“, стандардно промовирајќи ја песната заедно со видеоспотот.
Новата песна и видеозаписот за експресно време допреа до многу срца. Лавина од позитивни коментари се нижат под објавената песна на интернет каналот Јутуб.
Oбожавателите на Лозано ќе имаат време да ја научат „Мајко“ и со него да ја пеат на 23 март, на неговиот прв соло концерт во ВИП Арената „Борис Трајковски“.