Продолжувањето на договорот на уште две години и останувањето во ТВ серијата „Вовед во анатомија“ на актерката Елен Помпео ѝ донесоа статус за најплатена телевизиска ѕвезда, која сега по сезона ќе заработува 20 милиони долари.
Елен минатата годинасе најде на третото место на престижната листа за најплатени ТВ-актери, а ова за неа претставуваше голем отскок и неверојатен успех.
Имено, се шпекулираше дека Џесика Кепшоу и Сара Дру ја напуштиле серијата, бидејќи продукцијата немала доволно пари за да ги исплати нивните хонорари, пишува „Т-портал“.
– Тоа не е вистина. Јас не сум вклучена во тие одлуки. Меѓутоа, постојат неколку проблеми со претстојната сезона. Еден од нив е креативноста која се бара од творецот на серијата за да им се овозможат на гледачите нови приказни кои ќе ги заинтригираат. Секако дека е тешко кога луѓето заминуваат, без разлика на тоа која е причината зад тоа – рекла Елен Помпео кога гостуваше во емисијата на Елен Диџенерис.
Приликата ја искористи да зборува и за еднаквата плата помеѓу мажите и жените, како и за зголемениот хонорар кој дефинитивно го заслужила.
– Понекогаш мора да поминете низ болни и тешки моменти да за им дадете пример на луѓето. Откако излезе моето интервју за „Холивуд репортер“, многу жени ми се обратија и го споделија нивното искуство. Тоа многу ме допре. Мислам дека ние жените, понекогаш се плашиме да прашаме, па подобро ќе молчиме, бидејќи така нè учеле. Токму поради тоа сметам дека дојде време тоа да се промени, да се поддржуваме една со друга. Да си бидеме меѓусебна поддршка – рекла 48-годишната актерка.
„Можеби тоа е само католичкиот дух во кој израснав или кај сите жени тоа е така, но едноставно никогаш не сакате да бидете алчни за повеќе. Спротивно на тоа, еден маж не би имал проблем да побара речиси 600.000 долари по епизода. За нив тоа е сосема нормално. Ние прво мора да се консултираме со пријателките, да провериме дали бараме премногу и дали ќе бидеме дрски поради тоа“, заклучи Елен.