Загинаа двајца пилоти по уривање на кинески воен авион

92

Морнарички борбен авион на кинеската војска се урна денеска, при што двајцата пилоти загинаа, пренесуваат кинеските медиуми.

Авионот се урна во јужниот дел на провинцијата Хајнан, потврди кинескиот министер за одбрана, Веј Фенге.

Според него, авионот се урнал за време на тренинг лет.

Исто така, тој наведува дека нема жртви на земја и оти истрагата за инцидентот е во тек.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...