Децата кои живеат опкружени со зеленило имаат дури 55 отсто помали шанси како возрасни да развијат некоја ментална болест, вели истражувањто кое го пренесува Дејли Меил.
Имено, како што тврдат научниците, зеленилото во опкружувањето на децата помага во развивањето на социјалните вештини и поттикнува на физичка активност, што го подобрува когнитивниот развој кај децата, а тоа пак позитивно делува на менталното здравје.
За ова истражување научниците користеле податоци кои ги собирале преку сателитите над зелените површини околу домовите на речиси милион Данци, помеѓу 1985. и 2013.година. Тие податоци се користени за набљудување на ризиците од развој на некои од 16 различни ментални болести, како што се шизофренија, депресија и анксиозност.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pixabey